Повторно ракетирана американска воена база во Сирија

од Radmila Tasevska
198 прегледи

Подрачјето на нафтеното поле Конико во провинцијата Деир ез-Зор во источна Сирија, каде што се наоѓа американската воена база, е ракетирано, јави денеска сириската радио станица Шам ФМ.

Според дописник на радиото, неколку гранати паднале во областа на полето Конико во североисточниот дел на провинцијата Деир ез-Зор, каде што се стационирани американски војници. Тој додаде дека по инцидентот американски авиони ја прелетале областа.

Ирачката шиитска група Исламски отпор во Ирак денеска соопшти дека нападнала две американски бази во провинцијата Деир ез-Зор. Претходно, овие бази веќе беа цел на напади за кои одговорноста ја презедоа ирачките групи.

Американски воен претставник вчера изјави дека американските и меѓународните сили стационирани во североисточна Сирија биле нападнати најмалку четири пати за помалку од 24 часа. Во нападите нема жртви, но инфраструктурата претрпе мала штета.

Американската војска контролира области во источна и североисточна Сирија во провинциите Деир ез-Зор, Ал Хасака и Рака, каде се наоѓаат најголемите наоѓалишта на нафта и гас во Сирија.

Слични содржини