Град Скопје денес започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар во општина Гази Баба.
На оваа депонија секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, но пред се го загрозува здравјето на жителите од оваа општина.
Градот во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење на оваа дива депонија, која зафаќа површина од над 13.000 метри квадратни, соопштија од тимот на Данела Арсовска.