Синоќешното доделување на овогодишните Греми награди е една од главните теми во сите светски медиуми, а еден настан ќе остане засекогаш да го симболизира 57-то издание на престижните музички награди.

Оваа година замалку истото сценарио. Потполно неочекувано, наградата за албум на годината отиде во рацете на ветеранот Бек, кој во последните шест години нема објавено ниту еден албум. Бек ја прими наградата од рацете на Принс, а како што тргна да одржи говор, во кадарот се појави Канје. Шокираните лица на Џеј Зи и Бијонсе открија се. „Па зарема пак?“, како да се прашува музичката двојка. Но не, овојпат Канје го поштеди и Бек и останатите од монолог.
Но, и доколку го одржеше говорот, тематиката би била еднаква на онаа од 2009 година. Имено, во подоцнежното интервју раперот признал дека Бијонсе требало да освои Греми за најдобар албум.
– Доколку Бек барем малку ја почитува уметноста, би ја предал својата награда на Бијонсе. Тука сум за да се борам за креативноста, но нема да направам ништо што би ја загрозило мојата ќерка. Тоа е единствената причина зошто вечерва ништо не реков. Но, сите знаат што значи кога ќе се качам на сцена – рекол Канје во изјавата за „Е!“.

