194
Во последните 24 часа, забележани се 2.752 случаи на новозаразени пациенти од Ковид 19, па оттаму во Хрватска активни случаи заклучно со денес се 20.118.
Меѓу нив 2.873 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респиратор се 306 пациенти. Регистрирани се и 78 починати лица.
Од 25. февруари, кога е забележан првиот случај во Хрватска, до денес вкупно се регистрирани 192.987 заразени лица, додека 3.101 се починати. Вкупно закрепнале 169.768 лица, а од нив 3.853 во последните 24 часа.
Моментално во самоизолација се 57.544 лица, а до денес се тестирани 941.420 лица.