Повторно стана Џек Спероу: Џони Деп му исполни желба на тешко болно момче (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Американскиот актер Џони Деп повторно ја презеде улогата на легендарниот пиратски капетан Џек Спероу, за да исполни желба на неизлечиво болно момче (11) од Британија.

Кори, обожавател на „Пиратите од Карибите“, претрпел две неуспешни трансплантации на срце, но одлучил дека не сака да се соочи со голготата на трета операција, објави Би-Би-Си.

Тој и неговото семејство од Дербишир не знаат колку време му преостанува да живее.

Една од последните желби на Кори била да разговара со својот идол, капетанот Џек, а актерот одговори.

Кори, од градот Рипли, неодамна го отворил YouTube каналот Kraken the Box, кој веќе има повеќе од 160.000 следбеници.

Меѓу нив е и Деп, кој ја облече својата позната пиратска облека за да сними посебна порака.

„Ти ја посакувам целата среќа на светот. Јас сум твојот обожавател број еден, капетане Кори. Секоја чест, ти испраќам љубов пријателе“, му порачал актерот.

Деп рече дека ќе ги поттикне своите пријатели да го следат каналот на Кори. Холивудската ѕвезда Двејн „The Rock“ Џонсон е меѓу следбениците.

Мајката на Кори, Пикси, рече дека пораката, организирана од добротворната организација Make A Wish, била „неверојатна“ и дека го подигнала духот на нејзиниот син во тешкото време за семејството.

Слични содржини