Пожар во ковид-болница во Бугарија

од Milan1
304 прегледи

Пациентка предизвика пожар во одделот за ковид во болница во бугарскиот град Русе, јавија бугарските медиуми. Пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар.

Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти не биле загрозени и тие веднаш биле префрлени во други простории.

Поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која веднаш дала сигнал преку алармниот систем во болницата.

Слични содржини