Повеќе од 50 лица го загубија животот во пожарот што избувна на одделот за интензивна нега во болницата Ал-Хусеин во јужниот ирачки град Насирија.
Пожарот беше ставен под контрола синоќа, сè уште не е позната причината за пожарот, но во првите извештаи од местото на настанот се наведува дека пожарот бил предизвикан од експлозија на шише со кислород, според извештајот на Би-Би-Си.
Премиерот на Ирак, Мустафа ал-Кадеми, потврди дека директорот на болницата е уапсен, а извештаите на светските агенции наведуваат дека роднините на жртвите демонстрирале пред болницата, дека во еден момент започнале судири со полицијата надвор при што беа запалени две полициски возила.
Одделот за интензивна нега со 70 кревети е изграден пред три месеци, а официјалните лица тврдат дека во моментот на пожарот имало најмалку 63 пациенти.
Ирачката новинска агенција ИНА ги објави изјавите на официјалните лица на ирачкото Министерство за здравство дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола.
Извори од болницата велат дека бројот на жртвите може да се зголеми уште повеќе бидејќи многу пациенти се водат како исчезнати.
A massive fire breaks out at a coronavirus hospital, killing at least 20 people in Nassiriya, Iraq pic.twitter.com/WIEYIGhbWo
— TRT World (@trtworld) July 12, 2021