Пожар во куќа во Велес, нема повредени

од desk2
89 прегледи

Утрово околу 04.45 часот на ул. „Павел Шатев“ во Велес, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Н.Н, соопшти МВР.

Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.