Пожар во облакодер во Абу Даби – 13 повредени

од Vladimir Zorba
72 прегледи

abu-dabi-pozar

Најмалку 13 лица денеска се повредени во пожарот кој изби во облакодер во изградба во центарот на Абу Даби, јавуваат локалните медиуми.

Десет повредени се припадници на противпожарните сили и други спасувачки служби, се наведува во соопштението кое го објави државната новинска агенција на Обединетите Арапски емирати „ВАМ“.

Пожарникарите, придружувани од хеликоптери, повеќе од два часа се обидувале да го изгаснат пожарот на 28-катницата.

Oчевидците велат облак од црн чад се издигал до горните 20 ката. Тие додаваат дека персоналот задолжен за заштита на граѓаните помагало во евакуација на градежните работници во зградата, како на гостите и персоналот од соседниот луксузен хотел, кој минале без посериозни повреди.

Пожарот во речиси завршената деловна зграда е последен во низата од пет помали пожари во висококатници што се регистрирани во изминатите 18 месеци во Обединетите Арапски Емирати.