290
Во пожар што избувна на одделот за интензивна нега во болница на северот на Романија, каде се лекуваат пациенти со коронавирус, загина 10 лица, соопштија романските власти.
Портпарол на службата за итни случаи во регионот каде избувна пожарот изјави дека пожарот проголтал две простории во кои имало 16 пациенти пред да се изгасне.
Според неа, се верува дека сите жртви „биле заразени со коронавирус“.
Таа рече дека уште еден пациент и еден од вработените во болницата се во критична состојба по пожарот.