Пожар во стан во Штип – еден пожарникар повреден, еден полицаец затруен

од desk3
94 прегледи

ŠKRLJEVO,06.06.2012.CRNA KRONIKA NA FOTO : ILUSTRACIJA VATRA, POŽAR, VATROGASCI, ZAPALJENJE, GAŠENJE... SNIMIO: SERGEJ DRECHSLER

На 18.01.2016 година околу 00.30 часот во Штип на ул.„Сутјеска“ настанал пожар во стан сопственост на В.Д. (58), при што изгорела целата покуќнина. При гаснењето на пожарот со изгореници од втор степен на лицето и шаките се здобил еден пожарникар (кој е хоспитализиран на одделението за хирургија во КБ-Штип). Додека пак на еден полициски службеник поради труење со јаглероден диоксид му била укажана лекарска помош во КБ-Штип, по што е пуштен на домашно лекување.

За три дена во Скопје во 27 сообраќајки, 15 повредени, пајакот „дигнал“ 99 возила

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА при СВР-Штип. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Штип. Причината за предизвикување на пожарот и материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.