Пожар во стан во скопската населба „Пролет“

од desk2
76 прегледи

Пожар избувнал претпладнето во стан на улицата „Никола Карев“ во скопската населба „Пролет“, јавува МИА.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е пријавен кај нив околу 11 часот и оти интервенирале со три возила и осум пожарникари.

Пожарот е изгаснат околу 12:20 часот.