Утрово во станбена зграда во Тетово избувна пожар.

-Интервениравме со две возила и осум пожарникари. Пожарот беше пријавен околу 7 часот и 50 минути, а за еден час беше локализиран и ликвидиран. Пуштивме линија-црево во вода до самиот стан и интервениравме во гасење на огнот и спречување на ширење кон останатите станови. Станот е блиску до пожарната и за кратко време стигнавме до местото за интервенција,  информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна единица, пренесува МИА.

Слични содржини