Пожари утрово кај Солунска Глава, во Прилепско и кај Македонски Брод

од desk2
22 прегледи Фотографија: Фејсбук-страница на ЦУК

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово на територијата на земјава имало три активни пожари.

Еден во згаснување бил под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка. Утрово повеќе немало активен план, туку само чад.

Вториот пожар е кај селото Бешиште, Прилепско, каде горела ниска квалитетна мешана шума.

Третиот пожар, во деградирана дабова шума и грмушки, гори кај село Црешнево, месност Церо Поле, на подрачјето на општина Македонски Брод.