Пожарите во Албанија однесоа две жртви, изгорени се села

од desk2
6 прегледи

Во повеќе села во областите Грамш и Пуличан се врши евакуација на жителите, поради големите пожари на отворено, појасни албанскиот министер за одбрана, Пирот Венгу.

Досега две лица ги загубиле животите

Тој порача дека „ситуацијата низ целата земја е драматична“ и објасни дека во двете области досега се евакуирани над 300 жители.

„Нивните животи се наш приоритет. Локалните сили и вооружените сили ќе продолжат во гаснењето, како што беа сите овие денови. Имаме 1.300 локални пожарникари, над 1.000 армиски сили распоредени низ целата земја. Само во подрачјето на Грамш од воздух се гасне со четири хеликоптери“, рече Венгу.

Тешка е состојбата и во Тепелена, Финиќ, Делвина, Дропул каде пламените јазици се приближуваат до населени места.

Во болницата во Грамш е и првиот човек на Националната итна помош, Скендер Братај, кој рече дека животот го загубиле две лица а осум се повредени. Екипа на брза помош и пожарникари се обидуваат да спасат жена и две деца кои се заобиколени од пожар што интервенцијата на прави тешка, објавија медиумите.

Слични содржини