Холивудската актерка Мерил Стрип беше една од многуте познати личности кои беа принудени да се евакуираат, откако шумски пожари го зафатија Лос Анџелес на почетокот на овој месец и до темел ги уништија нивните домови.
Внукот на 75-годишната актерка Мерил Стрип, Ејб Стрип, откри дека таа буквално поминала низ пекол, обидувајќи се да побегне од сопствениот дом додека околу неа беснееле пожари.
Токму тој, во есеј објавен од New York Magazine, откри како неговата тетка морала да биде навистина креативна за да смисли план да се спаси.
„На тетка ми Мерил Стрип ѝ беше наредено да се евакуира на 8-ми јануари, но кога се обиде да замине, откри дека големо дрво паднало на нејзиниот пат и го блокирала нејзиниот единствен излез“, напишала Ејб Стрип, додавајќи дека славната актерка тогаш се обратила на соседи за помош.
„Одлучна да побегне жива, таа позајмила секачи за жица од соседот, а потоа направила дупка со големина на автомобил во оградата што ја делела со нејзините соседи и возела низ нивниот двор за да избега“, истакна тој.
Патем, во ужасниот пожар што го зафати Лос Анџелес и неконтролирано се прошири, своите домови ги загубија, меѓу другите, Парис Хилтон, Адам Броди, Мајлс Телер, Мел Гибсон, Менди Мур итн