ПОЖАРИТЕ ВО ТУРЦИЈА ОДНЕСОА 4 ЖИВОТИ: Карлеуша е меѓу евакуираните! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
588 прегледи

Најмалку четири лица загинаа во Турција, а повеќе од десетина се во болници поради повреди здобиени во големите шумски пожари што избувнаа во средата во близина на Анталија, во близина на Мармарис и Бодрум. Неколку илјади граѓанив од регионот во моментов одмараат во овие региони, а дел од туристите, меѓу кои била и пејачката Јелена Карлеуша и нејзините ќерки, биле итно евакуирани од хотелот!

– Нема да верувате што се случува во нашиот луксузен хотел. Се гори. Само дојдоа да не евакуираат. Ова е хаос! – рече Карлеуша.

Видеото што таа го сподели на Инстаграм покажува како пожарот ја зафаќа областа зад хотелот каде што престојувала. Заедно со нејзините ќерки и други гости, таа била евакуирана со чамци со спасувачки екипи. На снимката јасно се гледа паниката на туристите кои се евакуираат.

Имено, топлото време и силните ветрови прво предизвикаа пожар во областа на одморалиштето Анталија и околните села. Повеќе од 100 луѓе мораа да бидат евакуирани затоа што им требал медицински третман или претрпеле материјална штета поради пожарот, објави Ројтерс. Итните служби соопштија дека 122 лица биле погодени од пожарот, како и дека на 58 лица им е пружена медицинска помош. Противпожарен авион, 19 хеликоптери, околу 250 возила и 960 лица учествуваа во акцијата за гаснење. Властите евакуираа 18 села во туристичката област Анталија, додека уште 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин.

Сликите од опожарени станбени згради и луѓе кои бегаат низ полињата додека пожарникарите се бореа со хеликоптери со пожари ја шокираа јавноста. Еден од туристите, кој летува во регионот Манавгат, напиша на Фејсбук дека хеликоптерите го гаснеле пожарот во текот на ноќта во четвртокот.

 

Слични содржини