Пожарникари во Прилеп спасиле куче: Било потиснато и заробено од лифт

од Илинка Илиоска
3,9K прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека покрај гасењето пожари, прилепските пожарникаривикендов имале една несекојдневна интервенција во Општина Прилеп.

„Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, покрај гасењето на пожарите во населени места и на отворено имале имале уште една помала техничка интервенција за безбедно извлекување на куче коешто било потиснато и заробено од лифт во ООУ „Кочо Рацин“. Интервенирано е со едно ПП возило и два пожарникара“, велат од ЦУК.

Слични содржини