„Иако сум на одмор до 3-ти август, срцето не знае за календари и распоред, еве сум, во Подареш, таму каде што најмногу треба да се биде.
Не можам да стојам настрана кога мака ги гуши луѓе, помошта не е обврска таа е чест, таа е љубов. Останувам овде, со рака на срце и отворена душа.
Заедно ќе издржиме, како и секогаш, вели во објавата на Фејсбук пожарникарот Васе Вачов.