Џорџина Родригез, избраничката на Роналдо, дефинитивно ги остави зад себе сите критики кои ѝ беа упатени во јуни.
Манекенката се породи пред три месеци, по што ѝ требаше малку време да си дојде на свое и делумно да ја врати својата препознатлива линија.
Неколку недели откако беше фотографирана на јахта, малку „побуцкава“ од претходно што сме навикнале, Родригез покажа дека не се срами од своите атрибути.
Таа објави кратко видео на кое се шета во провокативно издание и високи штикли, по што предизвика бројни реакции кај познатите, од кои многумина ѝ порачаа дека е „бомба“.
View this post on Instagram
Многумина ѝ оставија стикери „оган“, сугерирајќи дека Џорџина е „пожешка“ дури и од топлотниот бран „Луцифер“ кој деновиве го зафати Балканскиот полуостров.
Не толку одамна, луѓето коментираа дека сепак е „крв и месо“ и дека раѓањето оставило повеќе трага овој пат.
Потсетуваме, таа и Роналдо во април добија второ заедничко дете, но второто кое го носеше за жал почина.
View this post on Instagram