Позитивна реакција на финансиските пазари за Македонија

од desk2
55 прегледи

Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија.


Показател за тоа е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари. Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување, соопшти Мминистерството за финансии.

Така, стапката на принос на последната еврообврзница што доспева во 2023 година, до средината на мај постојано беше над 4,5%, а денеска е сведена на 3,9%, што е историски најниско ниво за оваа еврообврзница.