157
Позицијата прв премиер Албанец е блеф на ДУИ, вели градоначалникот на Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во врска со тоа дали би прифатил да биде прв премиер Албанец, дали би профатил Алијанса за Албанците со своите осум пратеници да стане дел од владиното мнозинство.
-Ние немаме никаква официјална понуда од Владата. Ако има понуда, ќе се разгледа. Но, сега сме фокусирани на партијата. Фокусирани сме на конгресот на АА. Сметаме дека сега треба да работиме со нашите членови и Алијанса во наредниот период да биде уште посилна, порача Таравари.