Позна водител подложен на итна операција на срцето: „Ах, бев блиску…“

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Џереми Кларксон беше подложен на итна операција на срцето по „ненадејното влошување на неговото здравје“, опиша тој во својата колумна за The Sunday Times.

Лекарите откриле затната артерија кај поранешниот водител на Top Gear и веднаш го оперирале.

Тој пишува дека бил неколку дена од сериозно влошување на неговата здравствена состојба. Почнал да се чувствува лошо откако пливал во Индискиот Океан додека бил на одмор, а подоцна му било тешко да се качува по скали.

Кога се вратил во Велика Британија, почнал да чувствува болка и печење во левата рака, како и стегање во градите. Веднаш отишол кај докторот кој го пратил на операција.

Кларксон потоа се осврна на „изнемоштените ефекти од стареењето“.

„Се чини дека од артериите што го хранат моето срце со хранлива крв, едната беше целосно блокирана, а другата од трите одеше во таа насока“, рече тој.

Му вградиле стент.

„Не беше особено болно и брзо заврши. Уф, бев блиску“, заклучил познатиот водител.

Слични содржини