Клара Чија го изневерила Пике со поранешниот фудбалски тренер на клубот Барселона, Пеп Гвардиола.
Клара Чија, љубовницата на Жерар Пике, со која со години ја изневеруваше пејачката Шакира, по што култната двојка раскина, го изневерила поранешниот фудбалер.
Во текот на 12 години колку што беа Шакира и Пике заедно, многу медиуми истакнуваа дека Пике ѝ бил неверен. Но, сега фотографот Џорди Мартин тврди дека Шакира не била единствената која била изневерена и дека Клара Чија исто така му била неверна на партнерот кој го имала непосредно пред Пике.
„Ќе му објаснам на светот како се случи големото предавство“, изјави тој за Univision. Веќе ѝ кажав на Шакира дека имам доказ кога, како и каде е изневерена. Ќе изнесам две неверства. Едно од 2016 година и она со Клара Чија“.
There are rumours that Gerard Pique's girlfriend Clara Chia cheated on him with Pep Guardiola.
— @sport pic.twitter.com/uoDpjfV6EC
— Barça Universal (@BarcaUniversal) April 6, 2023
Тој тврди дека Клара Чија била девојка на братот на најдобриот пријател на Пике, кој работел во „Космос“, компанија на играчот на Барселона.
Играчот организирал компаниска вечера и таму била 23-годишната студентка, очигледно таа и Пике се вљубиле на прв поглед и почнале да излегуваат без да им кажат на партнерите.
„Жерар Пике ја зема девојката на својот пријател. Клара го изневеруваше своето момче, а Џерард ја изневеруваше Шакира“, наведе Мартин.
Тој објасни повеќе детали за неверството на Клара Чија.
„Пике има најдобар пријател. Клара беше девојка на братот на пријателот на Пике. Од моментот кога се запознаа, тој беше вљубен во оваа девојка“, изјави Мартин.
Пике тогаш мислеше дека Клара го оставила своето момче кога почнала да излегува со него, но тоа беше делумно точно, бидејќи таа тогаш имаше афера со Пеп Гвардиола, тренерот на клубот Барселона.