Познат фудбалер добил ултиматум од изневерената сопруга: За помирување од него бара 18 милиони евра?

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Сопругата на познатиот фудбалер Кајл Вокер, Ени Килнер ќе му даде уште една шанса на бракот под услов Вокер да и даде половина од своето богатство, односно 15 милиони фунти (нешто помалку од 18 милиони евра), пишува Дејли Мејл. Килнер и Вокер имаат четири деца, додека фудбалерот доби ќерка со поранешната љубовница Лорин Гудман.

Извори блиски до парот тврдат дека Вокер и Килнер се расправаат за се и сешто и дека решиле да склучат финансиски договор. „Таа му кажа дека ќе размисли да се обиде повторно само ако прво ѝ даде половина од парите. И беше кажано дека има право на половина од неговото богатство ако се разделат – и таа не сака ниту цент од нејзиниот удел да оди кај Лорин“, изјави изворот.

Килнер, според изворите, сè уште размислува да поднесе барање за развод бидејќи се плаши дека повеќе не може да го спаси бракот. Целата ситуација доби нов пресврт кога сестрата на Килнер, Сиан роди момче во тајна врска со татко на четири деца. Килнер ја обвини својата сестра дека го прави истото како Гудман и, според странските медиуми, дури одлучила да не ги посетува својата сестра и внук во болница.

„Ова е чувствителна ситуација за Ени, таа не го одобрува моето однесување и е згрозена… Искрено се извинувам за секоја болка што им ја нанесов на семејствата, вклучително и моето“, изјави сестрата на Килнер, Сиан за „Дејли Меил“. Рекла и дека има намера сама да го одгледува своето дете и дека не сака да го вклучи таткото во воспитувањето.

„Ени сè уште има многу болки поради она што се случи во нејзиниот брак. Беше шокирана кога дозна што прави Сиан по она низ што помина. Таа не ги одобрува нејзините постапки и јасно ѝ го кажа тоа“, тврди истиот извор, кој откри дека Вокер ја нарекол Сиан „лицемер“ бидејќи таа го нарекувала со секакви имиња кога беше откриена неговата афера.

Според изворот, аферата на Сиан им направила дополнителни проблеми на Вокер и Килнер бидејќи секогаш кога се расправаат за изневерувањето на фудбалерот, тој возвраќа на аферата со нејзината сестра. Иако сега Килнер се бори парите што и припаѓаат да не завршат во рацете на љубовницата, Вокер сега мора да и купи на Гудман дом вреден повеќе од 2 милиони евра, но на пропишана оддалеченост од неговото семејство, а има обврска да плаќа повеќе од 9.000 евра месечно алиментација.

За потсетување, Ени го избрка Кајл од нивниот заеднички дом во јануари, откако неговата љубовница Лорин и кажа дека тој е татко на нејзиното второ дете, ќерката Кинара. Кога Ени дознала за второто дете, и таа била бремена. Иако го избркала од нивниот дом, Вокер бил присутен на раѓањето на нивното четврто дете, но летото го поминале разделени.

Фудбалерот се извини за сите негови постапки.

„Она што го направив беше ужасно и ја преземам целосната одговорност. Донесов идиотски избори и идиотски одлуки. Не можам ни да замислам низ што поминува Ени”, рекол тој.

Во јули, фудбалерот беше во големи неволји кога неговата сопруга Ени Килнер и неговата љубовница Лорин Гудман отпатуваа во Германија за да ја бодрат Англија на завршницата на Европското првенство.

Британските медиуми тогаш пишуваа дека на обезбедувањето на англиската репрезентација им било наредено да ја држат Лорин подалеку од зоната во која се наоѓаат фудбалерите на Англија и нивните семејства за да се избегнат можни инциденти.

„Лорин е проблематична и најлошиот кошмар на Ени би бил средбата со неа. Гласините велат дека местата на Лорин на трибините биле на помалку од 100 метри оддалечени од оние на Ени”, рекол тогаш анонимен извор.

Слични содржини