Познат холивудски актер чие вистинско име ретко кој го знае: „Никогаш официјално не го сменив името“

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Мартин Шин е прославен актер во Холивуд, но малкумина знаат дека неговото вистинско име е Рамон Естевез.

Актерот го видовме во филмовите Wall Street, The Departed​ и многу други, но не ни сонувавме дека неговите документи имаат сосема друго име.

Поради потребата за кариера, Рамон стана Мартин Шин, но никогаш не ги сменил документите.

– Тоа е едно од моите жалења. Никогаш официјално не го сменив моето име. Рамон Естевез се уште е во мојот извод од матичната книга на родените – изјави Шин, додавајќи дека неговото вистинско име е напишано на пасошот и на возачката дозвола.

– Понекогаш ве убедуваат кога немаш доволно храброст да се заложите за она во што верувате, а подоцна плаќате за тоа. Но, секако, зборувам само во свое име – продолжи угледниот актер.

Тој го спомна ова без сомнение бидејќи неговите два сина, кои се познати актери – Чарли Шин и Емилио Естевез, имаат различни презимиња.

Среќен е што успеал да убеди барем еден син да си го задржи презимето.

– Единственото влијание што го имав врз Емилио беше да го задржи своето име. Кога почнал да ја гради својата кариера, неговиот агент го советувал да го смени презимето во Шин, но тој не сакал да го направи тоа.

„И фала богу што не го направив тоа“, заклучил Мартин.

Маритн започна да ја гради својата кариера во 50-тите. Неговиот татко бил шпански имигрант, а мајка му по потекло од Ирска.

Името Мартин е преземено од продуцентот на CBS, Роберт Дејл Мартин, кој му беше голема поддршка на почетокот на неговата кариера, и Шин од Фултон Џеј Шин, кој во тоа време беше помошен бискуп на Њујорк.

Слични содржини