214
Во неодамнешното интервју за магазинот „Vanity Fair“, познатиот актер Ченинг Тејтум искрено проговори за бракот и разводот со Џени Деван. Во таа прилика тој истакна дека целата ситуација била застрашувачка, и дека моментално не размислува за потенцијален брак.
„Не знам дали некогаш повторно ќе се оженам“, изјави актерот кој моментално е во врска со Зои Кравиц, додавајќи дека му е тешко да се поврзе со луѓето.
„Што се однесува до работата, не се плашам дека ќе направам нешто за што ќе зажалам. Меѓутоа, кога се во прашање емоциите, особено кога станува збор за луѓето што ги сакам, во тие случаи не сум навистина сигурен дека ќе направам се како што треба и затоа премногу се трудам“, објасни 42-годишниот актер.