Возачот на автомобилот кој денеска предизвика хаос на берлинските улици, во кој загина едно лице, а неколку лица беа повредени, наводно е 29-годишен Германец од Ерменија, кој живее во Берлин.
Тој, наводно, ѝ е познат на полицијата за имотни деликти.
Очевидци на инцидентот тврдат дека возачот на „реното“ продолжил да вози околу 200 метри откако прегазил луѓе, по што удрил во излог на продавница. Луѓето кои се нашле на улица тврдат дека тој после тоа го оставил возилото и се обидел да побегне, но до доаѓањето на полицијата случајни минувачи го совладале.
Потоа бил уапсен и во моментов е на распит во полиција.
– Одеднаш се појавија силни сини светла и полицијата го опколи. Прво му била укажана лекарска помош, а потоа полицијата го одвела – вели еден очевидец во изјава за „Билд“.
Засега не се знае дали се работи за напад или возачот изгубил контрола над возилото.