Михаил Кацурис е момчето кое загина во судирот меѓу хулиганите Динамо Загреб и АЕК. Тој бил усмртен од повеќе убоди со нож. Лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.
Од 100 до 200 хулигани од Загреб пристигнале ден пред натпреварот во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите и во таа прилика направиле општ хаос. Според грчката јавност, убиениот навивач пиел кафе во близина на пристигнатите навивачи.
— SportBot (@SportBot11) August 8, 2023
„Протема“, грчки портал, наведува дека Кацурис во тој момент случајно се нашол во близина на стадионот на АЕК.
И така Алкис стана Михаил. Момчето го загуби животот бидејќи 100 хулигани од Хрватска без проблеми ја минале границата, пристигнале во Неа Филаделфија и со ножеви ги нападнале сите пред стадионот. Немаше полиција, немаше проверки, никој не ги забележа. Од граница до Атина. Му одзедоа живот на момчето без тронка совест, повредија 12-годишно девојче со камен, испратија 10 и повеќе луѓе во болница и ширеа терор низ градот затоа што сакаа и можеа. Страшна ноќ, напишал еден од очевидците на социјалните мрежи.
Се повеќе луѓе потврдиле дека хрватските навивачи без причина ги нападнале луѓето кои во моментот се нашле во спомената атинска населба.
Тој беше многу добро момче кое ме поддржуваше и беше еден од најдобрите муштерии. Им помагаше на сите, па дури и бараше вода за чистачките во текот на летото. Што да се каже за? Лесна ти земја Михаил, напишал негов познаник.
Досега се уапсени 96 лица за нередите кои според информациите на грчките медиуми ги започнале хулиганите од Хрватска на кои им било забрането да присуствуваат на натпреварот. И покрај забраната, тие наместо организирано, во Атина пристигнале со приватни автомобили.
Луѓето од страв побегнале во околните локали кога виделе како се приближува конвој од 200 хулигани, пренесува „Протема“.
Για όποιον έχει αμφιβολία από ποιον στήθηκε το σημερινό έχει μόνο να ακούσει προσεκτικά τον ήχο… ντροπή #Νέα Φιλαδέλφεια #aekfc pic.twitter.com/o2Xym4J10T
— GREEN HARDEN 13 (@james__harden13) August 7, 2023