241
Пејачката Алка Вуица е на листата на СДП за претстојните избори во Хрватска.
Алка Вуица се приклучи на СДП во 2022 година и реши да се посвети на политиката откако проба нешто слично во 2009 година. Таа тогаш планираше да оди на претседателски избори преку листата на Зелените, но немаше доволно потписи.
Пејачката сега е на 14. место на изборната листа во шестата изборна единица.
„Неприфатливо е овој народ да живее во сиромаштија, да копа по контејнери. Деведесетите се боревме за илјадагодишен сон, постигнавме независност, добивме држава, знаме, грб, но ја загубивме нашата земја. Нашиот сон се изгуби во моментот кога почна продажбата на земјиштето“, изјави тогаш таа.