Раперот Шон Комбс, попознат како Паф Диди, е обвинет за групно силување и сексуална трговија со 17-годишна тинејџерка, според новата тужба.
Против еден од најпознатите рапери и милионери за три недели беа поднесени четири тужби за сексуален напад, а тие следеа откако првата тужба беше решена со договор меѓу неговата поранешна партнерка и Диди, пејачката Каси.
Неговата поранешна партнерка го обвини за сексуално и физичко малтретирање, но не е познато со колку пари се решени несогласувањата меѓу поранешните партнери.
Паф Диди ги негираше следните две тужби кои следеа преку неговиот ПР, а четвртата беше поднесена во Федералниот суд на Менхетен.
Според четвртата тужба, Паф Диди, неговиот пријател Харви Пјер и уште еден маж чиј идентитет не е објавен, дрогирале и силувале 17-годишна девојка во 2003 година.
Покрај тужбата, објавена е и фотографија од тинејџерката која му седи во скут. Раперот тогаш имал 34 години. Во тужбата се наведува дека 17-годишната девојка доживеала „огромна емоционална вознемиреност и срам поради она што го доживеала и дека тоа ја мачело и го нарушувало нејзиниот емотивен живот цели 20 години“, пишува Page Six.