Познат рапер си скрши чаша од глава, па крвав продолжи да пее (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот Машин Ган Кели, инаку вереник на Меган Фокс, со своето однесување ги згрози фановите.

Музичарот имаше концерт во Медисон Сквер Гарден, по што беше организирана забава.

Машин Ган Кели наеднаш скршил чаша од неговата глава на афтер забавата, по што извикал: „Ме заболе“, па продолжил да пее.

Крв му капела по лицето, а тој во еден момент објави и видео својот Инстаграм профил, но залудно го избриша. Сепак, видеото се прошири на Твитер и сите беа згрозени од однесувањето на раперот.

Цело време во публиката беше неговата вереница Меган Фокс.

Но тоа не бил негов единствен испад таа вечер. За време на неговиот концерт, раперот бил снимен како му вика на член на тимот.

Слични содржини