Познат режисер се заканувал на Гал Гадот дека ќе и ја уништи кариерата

од Vladimir Zorba
324 прегледи

ДОБРО информиран извор тврди дека режисерот Џос Ведон се заканил дека ќе наштети на кариерата на Гал Гадот додека го повторувал снимањето на некои сцени за Justice League.

Обвинувањата на сметка на Ведон започнаа уште во јули минатата година, кога актерот Реј Фишер го обвини режисерот за „грубо, насилно, непрофесионално и целосно неприфатливо“ однесување на снимањето.

Фишер, кој го игра „Киборг“ во Justice League, повторно зборуваше за темата за „Холивуд репортер“, а исто така се осврна и на обидите да се дискутира за Ведон откако му бил даден ревидирано сценарио.

Ведон, кој наводно не сакал ниту да слушне за неговите забелешки, наводно изјавил дека не сака да добива упатства од никого, дури ни од Роберт Дауни Џуниор. Извори за „Репортер“ тврдат дека Ведон се однесувал слично со Гал Гадот и Џејсон Момоа кога го прашувале за промените во сценариото.

Ведон и Гадот наводно се скарале и затоа што тој тврди дека таа сакала да „скока“ од еден на друг проект и рекол дека е поагресивна од нејзиниот лик во „Wonder Woman“. Според приказната, откако таа се обидела да му се пожали околу нејзините реченици кои биле спорни за неа, тој се заканил дека ќе и наштети на нејзината кариера.

Фишер не навлезе во детали, но наводниот сведок подоцна рече дека Ведон рекол на Гадот дека тој е сценарист и дека може да замолчи затоа што тој може да ја направи „неверојатно глупава во тој филм“.

Наводно, Ведон и се заканувал и на Пети Џенкинс, режисерката на „Wonder Woman“, а двете завршиле на состанок со тогашниот претседател на „Warner Bros“, Кевин Цуџихар. „Имав проблеми со Ведон и „Warner Bros“, но тие беа решени на време“, рече подоцна Гадот.

И Гадот и Момоа изразија поддршка за Фишер по неговите обвинувања, што предизвика истрага на „Warner Bros“. Студиото соопшти дека биле преземени корективни мерки, иако не ги откриваат резултатите од истрагата.