Познатиот сопственик на српска школа за глума, Мирослав Мика Алексиќ, беше однесен во полициска станица синоќа, на 16 јануари, а српската актерка Милена Радуловиќ (26) тврди дека ја силувал кога имала само 17 години.
Овој случај одекна во српската јавност, а многу колеги од светот на актерството и испратија поддршка на Милена.
Дури и славниот актер и водител Драган Маринковиќ Маца не остана имун на овој случај. Сепак, тој посочи дека вакво нешто не е изолиран феномен и дека ако ги претстави имињата на сите оние кои им даваат непристојни понуди на девојки и дивојчиња на кастинг, ќе се случи скандал со неизмерни размери.
Кога станува збор за конкретен случај кој ја потресе, но и ја разбесни јавноста, Маринковиќ рече дека има луѓе и институции кои треба да истражат сè и дека не треба веднаш да се осудува и сите да се ставаат пред свршен чин.
– Она што јас знам кои се овие луѓе и ако ви кажам, нема да ви биде добро. Не сакам никогаш да осудувам, но дека станува збор за девојки кои се изложени на такви непријатности од актерите и продуцентите е голема вистина – рече тој во емисијата „Премиера – Специјален викенд“.
– Бев еднаш присутен кога добија таква покана од полупијани колеги да дојдат „како на кастинг“ – полупијани колеги кои би ги нарекол стока. Не би зборувал за овој случај, ужасен е, но вистина е дека има такви работи. Знам за некои имиња, ако ви кажам кои се тие, дури тогаш ќе биде скандал – додаде популарниот Маца, цитиран од српски „Телеграф“.