Познатата актерка Розен Бар уште еднаш ја разбесни светската јавност со својата антисемитска порака. Имено, таа истакна дека „никој не загинал во холокаустот“.
Покрај тоа, Розен тврди дека Евреите се виновни за сите проблеми во светот.
„Тоа требаше да се случи. Шест милиони Евреи треба да бидат мртви токму сега, бидејќи тие ги предизвикуваат сите проблеми во светот“, рекла таа во подкастот „This Past Weekend with Theo Von“ додавајќи: „Но, тоа никогаш не се случило“.
Светските медиуми ги осудија ваквите изјави, пишува „Index.hr“.
Набрзо се огласи и нејзиниот син Џејк кој на прашањето додаде сарказам.
„Ние сме засрамени во име на луѓе кои се толку глупави што не препознаваат сарказам“, изјавил тој за „TMZ“.
Водителот на овој подкаст исто така истакнал дека се работи за сарказам.
„Овој исечко беше сарказам, луѓе. Дали навистина повеќе не препознаваме сарказам?“, напишал тој.