ПОЗНАТА ГЕРМАНСКА КОМПАНИЈА НАЈАВИ ОТКАЗИ: 30.000 луѓе ќе останат без работа

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Поради големи финансиски загуби, германската железница (Deutsche Bahn (DB)) планира да отпушти 30.000 работници или околу девет отсто од работната сила.

Одлуката е донесена откако Deutsche Bahn забележа загуба од 1,2 милијарди евра во првата половина на 2024 година.

– Штрајковите, екстремните временски услови, градилиштата и слабата побарувачка за услугите на DB значително ги влошија финансиските резултати на групацијата во споредба со претходната година, објави Германската железница.

Компанијата сака да одговори на лошиот биланс со укинување на работните места.

„Вкупно околу 30.000 работни места со полно работно време ќе бидат укинати во следните пет години“, рече главниот финансиски директор на Deutsche Bahn, Левин Холе.

Годинава се планира укинување на околу 1.500 вработувања, најмногу во администрацијата.

Слични содржини