Позната холивудската актерка објави фотографија со Новак Ѓоковиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската актерка Ребел Вилсон објави на својот Инстаграм профил стара фотографија на која позира со тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Ребел, која ослабе речиси 30 килограми во последната година и пол, се присети на фотографија од времето кога била „најнездрава“.

„Знам дека обично ги објавувам моите ласкави фотографии … Но, ја најдов оваа стара фотографија во моите мејлови и реков: вау! Се сеќавам дека тогаш бев најнездрава – имав вишок тежина и јадев премногу нездрава храна. Ги отапував емоциите со храна. Татко ми почина од срцев удар и беше толку тажно време. Немав високо мислење за себе и не се ценев себеси колку што требаше“, ја започна актерката долгата објава.

„Интересно е што сѐ  уште се смеам и се обидувам да бидам активна – ова е снимено на хуманитарен тениски турнир (П.С. Новак Ѓоковиќ е толку мила личност) – и покрај толку многу болки. Сега гледам наназад на таа девојка и многу сум горда на она што стана и го постигна. Само сакам да ги охрабрам сите оние кои се борат со вишокот килограми. Ве чувствувам. Знам како е. Но, никогаш не е доцна да започнете да се подобрувате и да се обидувате да бидете најдобрата верзија на себе. Тоа не е трка и не е натпревар – треба да се почитувате себеси и да го правите она што е најдобро за вас. Значи, ако сте надвор и го читате ова денес, само сакав да ви кажам: насмејте се и обидете се да бидете активни! Ве сакам“, напиша актерката.

Слични содржини