Американската комичарка Минди Кејлинг ја купи луксузната вила на Малибу, која некогаш му припаѓала на Френк Синатра.
Почетната цена на куќата, која има седум спални соби и девет бањи, беше речиси 13 милиони долари, потоа беше спуштена на 11,5, за на крај да биде продадена за 9.095.000 долари.
Вилата е изградена во 1992 година, а Барбара и Френк Синатра соработувале со дизајнерот Тед Гренцбах, за да можат да ја создатат својата куќа од соништата. Таа е опкружена со зеленило, има сауна, приватна тераса, па дури и опремен фризерски салон. Иако е блиску до океанот, во дворо има и базен.
Додека живеел Синатра таму, најчести гости биле Џек Лемон и Дин Мартин, а соседите сега очекуваат дека ќе ја гледаат Рис Витерспун, која ѝ е добра пријателка на Минди.