253
Американската манекенка Џина Росеро неодамна привлече големо внимание кога се појави на доделувањето на наградите GLAAd Media.
Имено, Џина на настанот дојде во прилично смел стајлинг, за кој се уште се зборува.
Таа беше облечена во црн фустан со необичен крој кој ги откри нејзиниот стомак и градите.
Џина имаше интересен розов детал во пределот на градите, а се комплетираше со црни ракавици.
Таа се пофали со својот изглед и на социјалните мрежи, а коментарите само се нижеа.
Повеќето од нејзините следбеници напишале дека ова е „еден од најсмелите стајлинзи кои ги виделе“.