Данската манекенка Нина Агдал повторно ја сподели истата слика, откако фотографијата беше повлечена од Инстаграм.
Сподели голо селфи во огледало, а на него не носи ништо, поточно е целосно гола. Поради својата карактеристична поза, таа го сокри меѓуножјето и ги покри градите со рацете.
Фотографијата покрена вистинска бура и лавина од коментари: „О Боже, ти си убава и толку природна“, „Ми се чини дека си единствената преостаната природна убавина“, „Преубава си“, „Секси“…
Да потсетиме, Нина Агдал на пошироката јавност и стана позната како поранешна девојка на познатиот заводник Леонардо ди Каприо. Таа отворено проговори и за проблемите на кои наишла во модната индустрија, а откри и како некои модни списанија решиле да ги фотошопираат нејзините фотографии и дека тешко можела да најде работа бидејќи не спаѓа во групата на „класични слаби девојки“.