Американската натпреварувачка во ММА, Пејџ Ван Зант (27) реши конечно да ја воодушеви армијата на нејзини машки обожаватели со посебни фотографии кои тие не можат да ги видат на нејзината редовна страница на Инстаграм, но отсега ќе можат на нејзината нова страница – ако плаќаат 10 долари.
Имено, Ван Зант лансираше страница со интересно име со игра на зборови и нејзиното презиме „paigefanzant.com“ каде сите љубители на нејзиниот карактер, дела и тело ќе можат да ја видат во уште послободно издание отколку што обично гледаат на нејзините сметки на социјалните мрежи.
Ван Зант ги навикна нејзините обожаватели на секси фотографии, но тие сакаат повеќе. Таа еднаш рече дека добила добри понуди да се соблече во замена за пари, но досега ги одбиваше. Сепак, сега, следејќи го примерот на бројни спортисти и познати девојки, таа реши да покаже нешто повеќе од порано, но да им наплати на своите најверни фанови.
Таа дури направи и промо видео за нејзината нова авантура што едноставно ве поканува да отидете на страницата, да платите симболични 9,99 УСД и да се опуштите со секси ММА натпреварувачката.
– Ви благодарам на сите за големата поддршка за мојата фан-страница. Јас навистина се забавувам во разговор со сите вас и споделувањето на мојата секси содржина со вас, моите секси фанови. Не сакам да навлегувам во детали за тоа што ве чека, но ако сте љубопитни, кликнете на врската, на мојата биографија и уверете се – им порача Ван Занто на своите следбеници на Инстаграм и ги пренасочи кон нејзината нова, жешка, секси страница.
Судејќи според „навалата“ на нејзината Инстаграм страница, таа воопшто не треба да се грижи дали нејзиниот нов проект ќе биде успешен.