Позната новата руска цел во Украина: „Ова не се случи во 133 дена од војната“

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Се чини дека Русија прави „оперативна пауза“ поради нејзината офанзива во регионот Донбас во источна Украина. Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон објави дека минатата среда, „за прв пат во 133 дена војна“, Русија не објавила никаков воен успех и територијален напредок во Украина, пишува Wall Street Journal. Сепак, тоа не значи дека во Украина владее мир, воениот концепт на оперативна пауза не значи целосен прекин на пукањето и гранатирањето.

Се чини дека руските сили на истокот на Украина се прегрупираат и се обидуваат да подготват засилување за нов напад, го толкуваат западните аналитичари невообичаеното затишје во руската инвазија на Украина. Сепак, многу градови на истокот се уште се под гранатирање, пишува „Њујорк Тајмс“.

По заземањето на областа Луганск на исток, руските сили се фокусираа на соседен Доњецк, кој го вклучува стратешки важниот град Славјанск. Руското Министерство за одбрана објави дека прогласиле „оперативна пауза“ за да се дозволи одмор на единиците, што ги натера воените аналитичари да заклучат дека Русија не е подготвена за целосен напад врз регионот на Доњецк, пишува „Њујорк Тајмс“.

Путин се заканува

Претседателот на Русија, Владимир Путин, деновиве најави дека руската армија допрва треба да вложи најсилни напори против Украина, но Западот го доведува во прашање тоа.

„И покрај тврдењето на претседателот Путин од 7 јули 2022 година дека руската војска ‘не ги ни започнала’ своите напори во Украина, многу од нејзините засилувања се ад хок формирани групи, распоредени со застарена или несоодветна опрема“, објави во саботата британското Министерство за одбрана.

Меѓу другото, нивниот аргумент е дека Русите ќе ги распоредат новите единици со слабо оклопни возила МТ-ЛБ, дизајнирани одамна во 1950 година, додека до сега војската ја превезуваа со добро оклопни борбени возила БМП-2. Исто така, за да се избегне општа мобилизација, Русите се обидуваат да регрутираат доброволци. Не е лесно, но општа мобилизација би била премногу политички ризична, оценува „Њујорк Тајмс“.

Русите изминатиот викенд извршија неколку напади врз градот Криви Рих. Ова не е невообичаено, објаснуваат од Институтот за проучување на војната, пренесува „Јутарњи лист“. Имено, успешната воена оперативна пауза обично значи дека некои цели сè уште се напаѓаат, со што се спречува спротивставената страна да започне контранапад додека Москва ги прегрупира своите сили. По губењето на позициите на исток, се чини дека украинските сили наскоро може да започнат контраофанзива на југ, веројатно околу Керсон, за да ја вратат територијата што прва им падна на руските сили во рацете, пишува „Њујорк Тајмс“.

Слични содржини