Позната пејачка итно оперирана: „Ми го спасија животот“

од Stefanija Kuzmanovska
537 прегледи

Пејачката на бендот Florence and the Machine, Флоренс Велч, откри дека имала операција која ѝ го спасила животот шест дена откако откажала низа концерти ширум Европа.

Популарната пејачка неодамна ги откажа своите настапи низ Европа, а сега на својот Инстаграм профил со обожавателите сподели објаснување зошто била принудена да ги откаже концертите.

Како што напиша Флоренс на социјалните мрежи, таа „сè уште не е доволно силна“ да го сподели „искушението низ кое поминала“, но им вети на фановите дека ќе настапи во Португалија на први септември.

„Многу ми е жал што морав да ги откажам последните неколку настапи. Моите стапала се во ред, но завршив на итна операција од причини што сè уште не се чувствувам доволно силна за да ги споделам, но тоа ми го спаси животот. И ќе ја завршам мојата турнеја Dance Fever во Лисабон и Малага (можеби единственото нешто е дека нема да скокам како обично, но вие можете да го направите тоа за мене“, стои во изјавата на пејачката на Инстаграм.

Слични содржини