Позната причината за смртта на младата ѕвезда на „Еуфорија“

Ангус Клауд, почина на крајот на јули, на 26-годишна возраст. Сега е откриена причината за смртта на актерот кој го глумеше наркодилерот Феско „Фез“ О'Нил во популарната серија „Еуфорија“

од Vladimir Zorba
468 прегледи

Ангус Клауд починал од случајно предозирање, потврдија од округот Аламеда, пренесоа американските медиуми.

Соопштено е дека актерот починал од смртоносна комбинација на фентанил, кокаин, метамфетамин и многу други супстанции.

„Ангус боледуваше од акутна интоксикација од комбинација на лекови, која вклучуваше и бензодиазепин“, објавија тие. Тие потврдија и дека Клауд не оставил проштално писмо.

Тој инаку се борел со психички проблеми, а тие во тој момент се засилиле.

„Ангус отворено зборуваше за неговите борби со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да биде потсетник за другите дека тие не се сами и не треба да се борат сами во тишина“, рече неговото семејство.

Најпрво се посомневале дека актерот можеби извршил самоубиство.

Само една недела пред неговата смрт, актерот отпатува во Ирска за да го погреба својот татко Конор Хики, кој почина во мај по кратка битка со ракот.

Слични содржини