Позната просечната плата во Германија во 2025 година: Највисока заработка има во овие професии, важно е и во која сојузна држава работите

Во Германија, платите значително се разликуваат од професија до професија. Но, колку се заработува во просек? Веќе има прелиминарна проценка на платите за 2025 година

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Според германските медиуми, 2025 година започна позитивно за луѓето со ниски примања. Од почетокот на годината многумина имаат повисоки саатници. Сепак, и другите работници ќе добијат повисоки нето плати во 2025 година. Како тоа влијае на приходите на Германците?

Иако нема ни два месеци во годината, просечниот приход на Германците за 2025 година е веќе достапен. Ова го соопшти германското пензиско осигурување. Сепак, утврдената бројка е прелиминарна вредност. Така, Германците заработуваат во просек по 50.493 евра годишно.

Сумата е позната на почетокот на годината

Тоа би било 4.207,75 евра месечно. Претходно пресметаната заработка за 2024 година беше нешто помала. Според податоците на германското пензиско осигурување, Германците лани во просек заработиле по 45.358 евра. Како и со приходот за 2025 година, ова е бруто заработка на која сè уште се плаќа данок.

Тоа што таква вредност постои на почетокот на годината е поврзано со пензискиот систем. Во Германија, за да се пресмета вашата месечна пензија, потребни се поени за заработка – исто така познати како пензиски поени. Тие зависат од просечната плата во Германија. За да се утврдат пензиските поени за дадена година, неопходно е да се класифицираат приходите.

Кој заработува најмногу и во кои држави?

Платформата „Кунуну“, каде може да се оценуваат компаниите и работодавачите, ги проценува платите во Германија според неколку категории.

Затоа, во просек, најмногу заработуваат контролорите на летање. Нивната годишна плата е речиси двојно поголема од просечната.

Според гореспоменатата веб-страница, Хесе е на врвот по просечни плати, а потоа следат Хамбург и Баварија, пишува Феникс магазин.

Слични содржини