Позната раперка: Бев сведок на насилното однесување на таткото на Бритни

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Раперката Иги Азалеа тврди дека сведочела дека Џејми Спирс насилно се однесувал кон својата ќерка Бритни Спирс, пишува „Page Six“.

Иги вели дека Бритни не претерува или лаже за контролата на нејзиниот татко над неа. Двете работеа заедно на песната „Pretty Girls“, кога Азалеа, како што рече, го забележала страшното однесување на Џејми кон Бритни.

„Основната човечка пристојност е барем отстранување на лице за кое Бритни вели дека е насилно. Тоа треба да биде нелегално. Додека работевме заедно, во 2015 година, јас лично бев сведок на однесувањето што Бритни детално го опиша минатата недела. Јас само сакам да ја поддржам и да му кажам на светот дека не претерува и не лаже“, изјави раперката за „Page Six“.

„Видов дека ѝ ограничува сè, дури и најбизарните и тривијални работи, како на пример колку газирани пијалоци смее да пие. Зошто е тоа  воопшто потребно?“, праша таа.

Таа се присети како Џејми ја принудил да потпише договор за неоткривање пред таа и Бритни да настапат на музичките награди „Билборд“, или во спротивно нема да смее да настапува.

„Начинот на кој бараше да го потпишам договорот звучеше слично на тактиката за која Бритни зборуваше минатата недела“, рече Иги.

Раперката смета дека Бритни не треба да биде принудена да живее со нејзиниот татко Џејми, кога јасно ставила до знаење дека тоа влијае на нејзиното ментално здравје.

„Тоа воопшто не е правилно“, заклучи таа.

Слични содржини