Мирослав Мика Алексиќ, познатиот сопственик на школа за глума во Србија, вечерва беше приведен во полициска станица, бидејќи неколку девојки го пријавиле за силување или сексуално вознемирување, пишува „Блиц“. Актерката Милена Радуловиќ се огласи по овој повод на својот Инстаграм профил.
„По тешка внатрешна борба, јас и некои храбри девојки решивме да застанеме на патот на темниот круг на злоупотреба. Ние нема да се предадеме. Силување малолетни лица и педофилија не се дозволени“, напишала актерката
После појавувањето, Милена беше поддржана од многу колеги, меѓу нив Александар Радошиќ, Миодраг Радоњиќ, Нина Јанковиќ и други.
Да потсетиме, школата за глума на Мирослав Мика Алексиќ беше првата „станица“ за повеќето од најпознатите српски актери, а тие тоа честопати го истакнувале во своите интервјуа.