Познатата актерка ги нападна младите: Престанете да ги убивате постарите лице

Хилари Даф преку кратките приказни на Инстаграм, остро ги нападна младите кои не ги почитуваат мерките, не се самоизолираат и продолжуваат да излегуваат.

„Сите вие млади серковци кои продолжувате да излегувате и да се забавувате.. Одете дома! Престанете да ги убивате постарите луѓе“, рекла актерката.

Актерката на видеото се појави со својата едногодишна ќерка. Со следачите сподели дека има проблем околу изборот на серии кои треба да ги гледа за време на самоизолација.

„Ова се страшни времиња. Треба да останеме смирени, но и паметни. Преземете мерки и останете здрави и да не ги донесуваме во опасност нашите мајки, татковци, баби и дедовци“, напишала Хилари.

Слични содржини