Познатата кукла Барби облечена во Moschino

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Веќе видовме како Џереми Скот ja издигна на пиедестал омилената кукла на многу генерации жени – Barbie.45d00d2bec543819c7bb356b64a853e1

Збирките на Moschino ги воведоа трендовите за облека, на кои со принт е прикажано името на пластичната играчка.

Предлозите ја црпат својата инспирација од изворот – архивите со различни изгледи на куклата во текот на годините и трансформацијата како за импресивна ревија на модна писта.

Сега дојде време и за спротивен процес, а ефектот е повеќе од добар. Под креативното набљудување на дизајнерот, Moschino ги обедини своите напори со Mattel за создавање на посебна капсулна колекција кукли Barbie.

“Сакав да ги внесам сите елементи на Moschino во Barbie, како што направив спротивното – ги внесов сите елементи на Barbie во Moschino за колекција пролет-лето 2015″, изјави самиот Џереми Скот.

Стилот на култната кукла се карактеризира со маици, јакна со вештачко крзно, здолништа со крој “молив” и големи плетки.

Се разбира, додатоците ни од далеку не се за потценување, бидејќи има огромна разновидност од чанти, накит и очила за сонце.

Можете да видите новите предлози од соработката во нашата галерија.