Камила Кабело (26) ужива на одморот во Порторико, од каде се огласи позирајќи топлес.
Пејачката Камила Кабело (26) на обожавателите им покажа како добро се забавува и се релаксира во Порторико. На фотографиите кои ги сподели на Инстаграм таа позира топлес, а сподели и видео. Машкиот дел од нејзината публика во коментарите ѝ напиша дека е љубоморен на личноста зад камерата. Обожавателите на пејачката исто така констатираа дека таа не летува со Шон Мендес, со кого неодамна раскина по втор пат.
Додека беа заедно, обожавателите на Шон Мендес постојано ја напаѓаа Камила, а таа беше најмногу цел на критики откако додаде неколку килограми вишок и кога на социјалните мрежи беа објавени фотографиите на Камила од плажа во Мајами.
Пејачката позната по хитот „Сенорита“ одлучи да им одговори и го напиша следново:
„Носам премали бикини и не внимавам на тоа како изгледам, но потоа ги видов сликите на интернет и коментарите и многу се вознемирив. Се потсетив колку тоа влијаеше на мојата самодоверба, дека повеќе мислам на културата во која живеам отколку на себе. Култура која заборави како изгледа здраво, женско тело. Фотошоп, рестриктивни диети, прекумерно вежбање и избор на агли кои прават нашите тела да изгледаат поинаку од она што се во тој момент и во нивната природна форма“.
Таа веќе не се навраќа на ваквите коментари и не им обрнува внимание на оние кои не се согласуваат и го порача следново:
„Благодарна сум на ова тело што ми дозволува да го правам она што треба да го правам. Ние сме вистински жени со облини и целулит и стрии и сало. И ние мора да го поседуваме тоа, душо“.